Југословенската пејачка со македонско потекло Љиљана Николовска и некогашен вокал на сплитската група „Магазин“, веќе 25 години живее во Сан Педро, населба во Лос Анџелес, САД.
Со својот специфичен вокал на песните како „Пиши, пиши ми“, „Коколо“, „Пут путујем“, „Ти се жеља мог живота“, ѝ даде свој белег на „Магазин“, група со која сними седум албуми и се појави на многу компилации од 1982 година до средината на 1990 година.
Љиљана кон средината на деведесеттите години ја напушти Хрватска, се омажи за музичарот Пит Мазука во 1995 година и со него го има синот Тони.
– Сакав нешто да сменам во мојот живот. Некои од нас одат во шопинг, некои ја кратат косата и ја бојат во црвено, а некои се мажат. Јас одлучив да одам во Америка – вели таа.
Љиљана зад себе има еден брак, а како што изјави минатата година за еден хрватски медиум, планира да сними албум на англиски, хрватски јазик, па и на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







