| четврток, 6 декември 2018 |

Замислете си желба, Антиќ и „јастребите“ ќе ви ја исполнат (фото)

Апсолутна доминација во НБА-лигата бележат „јастребите“ од Атланта, чијшто член е и нашиот Перо Антиќ, а нивните миленици веќе почнаа да си замислуваат и роденденски желби.

На последниот меч против Минесота, на кој Атланта хоукс ја забележи 16. победа во низа, што е клупски рекорд, едно момче на трибините истакна интересен транспарент.

„Сакам 16-та победа за мојот 16-ти роденден“, пишуваше на лист хартија. Момчето си доби доби убав подарок, а Антиќ и соиграчите потврдија дека  ги исполнуваат и желбите на своите навивачи.

daaaaaaaaaa

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top