Цените на горивата од вечер на полноќ повтроно се намалуваат, и тоа во просек од 1,50 до 2,50 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС -95 се намалува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година и од утре ќе се продава по 59,00 ден/лит.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година, и со тоа неговата цена сега ќе изнесува 60,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит и тој во наредните две недели ќе се продава по 48,50 ден/лит.
Малопродажната цена на eкстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ -1) се намалува за 3,00 ден/лит и неговата цена ќе изнесува 37,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М -1 НС се намалува за 1,610 ден/кг, во однос на цената утврдена во согласност со Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,282 ден/кг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.