| четврток, 6 декември 2018 |

Пропаганда на Сорос експресно пренесена од СДСМ и од опозициските медиуми

Институтот „Като“ ја рангираше Македонија на 12 место по мизерија во светот, а медиумуте финансирани од Сорос  експресно ја пренесоа веста за извештајот. И опозициската СДСМ вчера се огласи со извештајот на овој институт, но притоа никој не посочи чиј  е овој институт и кој го финансира.

Институт има јасни врски со Сорос. Индиректно и директно. За волја на вистината, тој е формиран во 1974 година од браќата Дејвид и Чарли Кох. Браќата се исто толку контроверзни милијардери колку и самиот Сорос. Не се работи за никаков научен институт, туку за класична лоби-организација, многу често обвинувана во американските медиуми за лобирање за приватни бизнис-интереси. Магазинот „Форбс“ во сторија насловена “The Kochs Aren’t the Only Funders of Cato” пишува дека браќата Кох го финансираат овој институт со десетици милиони долари. На списокот финансиери и мрежата што ја објавуваат јасно стои дека еден од финансиерите е Џорџ Сорос. Меѓу другото, тој гостувал и на трибини организирани од овој институт, а на веб страната на Институтот е опишуван како филантроп, хуманист и донатор. Ова е еден од низата институти што се користени од Сорос за пропаганда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top