Еден од најсовршените дијаманти во светот, нов безбоен дијамант во облик на круша, кој има 101,73 карати, ќе биде ставен на продажба на 15 мај во Женева, изјави аукциската куќа „Кристи“, која ќе биде организаторот на аукцијата.
Дијамантот бил 236 карати кога бил пронајден во рудник во Боцвана, а неговото обликувањето траело 21 месец, се вели во соопштението.
– Дијамантот е извајан како уметничко дело – изјавил Раул Кадакија, шеф од аукциската куќа „Кристи“ на Одделот за скапоцен накит во Швајцарија и во Америка.
Овој скапоцен камен е опишан како еден од најубавите бели дијаманти што „Кристи“ некогаш ги понудила за продажба.
Лицето кое на 15 мај ќе може да го купи дијамантот, ќе има привилегија да го именува.
Американскиот гемолошки Институт на дијаманти му дал највисока оцена „Д“ за бојата, како и највисока оценка на чистота, соопшти куќата „Кристи“, а, исто така, го пофали и за апсолутната симетрија што ја има.
Дијамантот на Елизабет Тејлор, кој, исто така, е и од категорија „Д“ со 33,19 карати, е продаден за 8,8 милиони долари на аукцијата одржана во декември 2011 година во Њујорк.
Пред да биде ставен на продажба во Женева, новиот дијамант ќе биде изложен во април во Њујорк, а потоа во Хонг Конг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
Гостиварец измамен на улица за 1 200 евра: Му оставиле лажен дијамант како гаранција и не се вратиле
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени