| четврток, 6 декември 2018 |

„Човек-птица“ ја освои главната награда на Американското здружение на актери

Julianne-Moore-Eddie-Redmayne-Birdman-win-SAG-Awards-for-film

Филмот „Човек-птица“ ја освои главната награда за најдобар актерски состав на Американското здружение на актери, на синоќешната церемонија на доделување на наградите во Лос Анџелес.

Ова е втора позначајна награда за ова остварување на Алехандро Гонзалес Инариту, откако пред неколку дена беше прогласен за најдобар филм и од страна на Здружението на американски продуценти.

Со ваквите признанија оваа сатира за американскиот шоубизнис се наметнува како еден од главните фаворити за жетва на награди на годинашното доделување на филмските награди „Оскар“. 

Покрај наградата за најдобар актерски состав, одделни признанија добија и актерите во „Човек-птица“, Џулијан Мур, Еди Редмејн, Патриша Аркет и Џеј Кеј Симонс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top