| четврток, 6 декември 2018 |

„Малезија ерлајнс“ цел на хакерски напад

hakerОфицијалниот веб-сајт на националниот авиопревозник „Малезија ерлајнс“ беше цел на хакерски напад извршен од групација, која се претставува како „Официјален кибер калифат“.

На веб-сајтот одредено време се гледаше прво снимката на еден од авионите „ербас А380“ на авиокомпанијата, а потоа фотографија на гуштер во цилиндар и фрак, кои беа обајвени со текстот „Грешка 04, Авионот не е пронајден“ и „Хакиран од групата гуштер – Официјален кибер калифат“. Во пребарувачот на веб-сајтот пишуваше „Исламска држава ќе победи“.

„Групата гуштер“ минатата година тврдеше дека стои зад кибернетските напади врз мрежата на „Плејстејшн“ на компанијата „Сони“ и на веб-сајтот „ЕксБокс“ на „Мајкрософт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top