Воздржаност меѓу странските лидери по резултатите од парламентарни избори во Грција на кои убедливо победи радикалната левица, но СИРИЗА не успеа самата да обезбеди парламентарно мнозинство.
Вашингтон се надева оти ќе продолжи блиската сорботка со новата грчка влада.
– Ја поздравуваме Грција за добро спроведените избори – изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Марк Строх, кој го придружува американскиот претседател Барак Обама за време на неговата посета на Индија.
Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави победата на СИРИЗА. Путин изрази увереност дека Русија и Грција ќе продолжат да развиваат традиционално конструктивна соработка во сите сфери од заемен интерес и во решавањето на актуелните европски и светски проблеми.
Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека резултатите од изборите во Грција би можеле да доведат до зголемување на економската неизвесност во Европа поради што, според него, Велика Британија треба да се насочи кон развој на својата економија.
– Изборите во Грција ќе ја зголемат економската несигурност во Европа и затоа Велика Британија треба да се придржува до нашиот план обезбедувајќи ја сигурноста на својот дом – изјави Камерон.
Францускиот претседател Франсоа Оланд упати честитки до Ципрас за победата на изборите и изрази желба за заедничка соработка во зајакнувањето на растот и стабилноста на еврозоната.
– Претседателот на Републиката потсетувајќи на заедништвото што ги поврзува Франција и Грција изрази подготвеност за продолжување на тесната соработка меѓу двете земји со цел обезбедување раст и стабилнсот на еврозоната во духот на напредокот, солидарноста и одговорноста, кои се јадрото на европските вредности што ги споделуваме – се наведува во соопштението на Елисејската палата.
Претседателот на Европската народна партија, Мафред Вебер, во првата реакција на изборните резултати во Грција оцени дека наскоро ќе стане сосема јасно дека ветувањата што на грчкиот народ му ги даде Ципрас не се ништо друго освен „предизборни лаги“.
– Европските даночни обврзници не се подготвени да плаќаат за празните ветувања на Ципрас. Европа е подготвена да искаже солидарност кон Грција доколку таа целосно ги почитува преземените обврски – нагласи Бебер.
Лидерката на францускиот екстемно десничарски Национален фронд, Марин Ле Пен, оцени дека со вчерашните избори грчкиот народ ѝ удрил шлаканица на Европската унија.
– Се радувам што грчкиот народ ѝ удри демократска шлаканица со голема јачина на ЕУ. Тоа е последица на страдањата што грчкиот народ беше принуден да ги трпи веќе неколку години поради политиката на ЕУ – рече Ле Пен.
Првиот човек на германската централна Бундес банка, Јенс Вајдманд, изрази надеж дека новата влада во Атина нема да дава лажни ветувања што не ќе може да ги спроведе.
– Јасно е дека Грција ќе зависи од поддршката на програмите за помош што ќе може да ги добива само ако продолжи да ги спроведува преземените обврски – рече Вајдман изразувајќи надеж дека новата влада во Атина нема да ги доведува во прашање досегашните постигнувања на Грција и дека ќе продолжи со структурните реформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


