Репрезентацијата на Катар се пласираше во четвртфиналето на светското првенство во ракомет чиј домаќин е, победувајќи ја Австрија со 29-27 по целосен пресврт откако Австрија водеше по првото полувреме со еден го разлика (14-13).
Од порано е познато дека најбогатата земја на светот ги наградува своите ракометари си по 100 илјади долари за секоја победа, а тоа знаеја да го искористат играчите победувајќи на пет натпревари до сега.
Во четвртфиналето Катар ќе се сретне со подобриот од осминафиналниот дуел меѓу Германија и Египет, а челниците на федерацијата на секој играч му ја одредија наградата за пласман во полуфиналето. Шариќ, Марковиќ и другарите за победа во четврфиналето ќе добијат стан во елитната населба на вештачкото острово во Доха, Масерати и милион долари!
Ако вкупно се пресмета колку државата ќе треба да издвои за победа, сумата неможе да се спореди ниту со премиите кои ги даваат и најскапите фудбалски клубови на светот, а таа изнесува повеќе од 32 милиони долари.
По овие информации, се поставува прашањето со што ќе ги награди Катар своите играчи ако случајно се пласираат во финалето или пак го освојат?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


