Најпознатата лото-девојка во поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, во српската забавна емисија „Ексклузив“ се најде во улога на моден критичар. Педесет и шестгодишната поранешна водителка без влакна на јазикот го коментираше изгледот на познатите балкански дами.
Според Манчиќ, Северина треба да ја отстрани препознатливата бенка на нејзиното лице.
– Градите ѝ се сочни, целата е сочна. Кариерата ѝ е феноменална, супер ѝ оди, кога ќе се омажи и ќе роди деца нема да може да оди вака гола – беше коментарот на Манчиќ за пејачката Ана Николиќ.
Кај Сека, пак, ѝ се допаѓал стајлингот, но не и фризурата.
– Не ми се допаѓа нејзината коса. Како некоја селанка да ја измила, исушила со крпа и така излегла. Навикната сум Сека секогаш да биде топ – изјави Манчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



