
На филмскиот фестивал „Санденс“ се прикажа премиерата на документарниот филм за водачот на групата „Нирвана“, Курт Кобејн. На премиерата присустувале вдовицата и ќерката на Кобејн Кортни, Лав и Френсис Бин, што е реткост бидејќи тие две не се во најдобри односи.

Филмот, кој го режираше Брет Морган, е прв авторизиран филм за Кобејн. Според АП, Морган осум години работел на филмот од кои шест само на лиценцирање на материјалот.
Последните две години се занимавал со „агресивно снимање на филмот“.
– Пред крајот се соочив со сериозни сомнежи. Филмот ме предизвика. Притисокот да биде сѐ како што треба беше огромен, а ова е прилично неконвенционален филм – изјави Морган.
Меѓу ретките матаријали кои Морган можел да ги користи е и снимката на која Кобејн ја пее песната на „Битлси“ „And I Loved Her” и домашното видео меѓу него и Корни. Режисерот изјави дека кога конечно го завршил филмот, 25 минути плачел во тоалет.
– Не плачев поради тоа што Курт почина. Плачев бидејќи веќе нема да минувам време со него. Последните две години од животот тој ми беше сѐ – изјави режисерот.
Морган верува дека по гледање на филмот, обожавателите подобро ќе ја разберат музиката на Кобејн.
– Тој беше романтичен, духовит и нежен, но имаше и проблеми. Не сакав во филмот тој да биде совршен. Ова е компицирана приказна и верувам дека тоа ќе се види во филмот – изјави Морган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


