| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанците ја слават победата на Сириза

podemos.jpg_1718483346

Шпанската антилиберална партија Подемос ја славеше победата на Сириза во Грција уште пред да пристигнат првите официјални резултати.

– Надежта доаѓа, стравот си оди. Сириза, Подемос – ние ќе победиме – изјави шефот на Подемос Пабло Иглесиас пред 8.000 приврзаници кои беа собрани во Валенција на истокот на Шпанија.

Нескриено задоволство од грчките резултати покажаа и француските социјалисти.

– Социјалистичката партија ја поздравува победата на левицата ви Грција – изјави националниот секретар на партијарта Филип Кордери.

– Анти-ригорозната линија против штедењето денес се зајакна во Европа. Од 2012 година Франсоа Оланд и социјал-демократските лидери работат за да ја реориентираат Европската унија. Во Алексис Ципрас тие ќе најдат нов сојузник. Левицата заедно ќе донесе триумф за развојот, вработувањата и солидарноста – рече Кордери преку соопштение.

Џани Питела, претседателот на социјалистичката група во Европскиот парламент им честиташе на Грците и побара од Ципрас да формира силна про-европска коалиција. Според Питела, преговори за грчкиот долг повеќе не се сметаат за табу тема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top