
Браната во Липково
Кординативното тело за справување со временските незгоди денеска беше на терен на браната Мантово. Врнежите се запрени, а сега се испушта вода од темелниот испуст за да се ослободи место за следниот бран врнежи. Дирекцијата за заштита и спасување утре ќе ангажира 3 градежни машини во реонот на браната да помогнат со справувањето со настанатата состојба.
Градежните машини ангажирани претходните денови од страна на Дирекцијата за заштита и спасување во текот на денешниот се уште се на терен и помагаат во намалувањето на штетите од обилните врнежи.
Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во републиката, со постојан контакт со локалната самоуправа и е подговена да во случај да има потреба активира дополнителна механизација за отстранување на последиците од врнежите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


