| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Според анкетите, Сириза освојува дури 39.5 отсто гласови

grcija izbori

Според агенциите во Грција, Сириза победува со повеќе од осум поени предност пред партијата Неа Деморкратиа, на денешните избори кај нашиот јужен сосед.

Партијата на Алексис Ципрас треба да освои од 35,5 до 39,5 отсто од гласовите, додека за партијата на Антонис Самарас се предвидуваат 23 до 27 проценти.

– Оваа порака не се однесува само на Грција туку таа одекнува низ цела Европа и со себе носи олеснување – изјави портпаролот на Сириза Панос Скурлетис по објавувањето на веста дека Сириза оди кон голема победа на овие избори.

Според агенција АФП на плоштадот Клафтмонос се собрани стотици луѓе со знамиња и со широки насмевки на лицата. Малку понатаму се крева сцена и се шепоти дека Ципрас би можел прво да помине пред седиштето на партијата и потоа да пешачи до сцената каде што се очекува неговиот говор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top