
По повод 125 години од смртта на Ван Гог се снима анимиран документарен филм кој ќе биде омаж на делото на генијалниот сликар Ван Гог.
Проектот е вреден 4,5 милиони евра и се вика „Саканиот Винсент“ .
Полската уметница Данута Роман и уште 70 уметници работат на долгометражниот анимиран филм кој ќе биде реализиран на тој начин што уметниците ќе ги сликаат платната на Ван Гог.
– За секоја секунда на филмот треба да се направат 12 кадри, односно слики. Еден уметник во просек може да направи шест слики дневно, што е доволно за половина секунда од филмот – вели директорот на студиото кое ќе го снима анимираниот филм Шон Бобит.
Како што пренесува АФП за изработка на 80 минутниот филм ќе бидат потребни околу 56 илјади кадри.
– Со помош на високо технолшка дигитална метода ние всушност си играме Ван Гог и стануваме Ван Гог – вели графичкиот дизајнер Бартош Длузевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


