| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Украина останува на договорот од Минск

porosenko

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска на седница на националниот Совет за безбедност и одбрана дека Украина останува на договорот од Минск.

– Нема да дозволиме уривање на договорот од Минск. Се треба да се базира исклучително на него, истакна Порошенко, додавајќи дека е потребно да се обезбеди негово спроведување, и во рамките на Контакт групата.

Порошенко изјави дека за Киев приоритет е почитување на режимот на прекин на огнот, ослободување на заробениците, повлекување на странската војска, затворање на границите и почеток на политички процес за решавање на ситуацијата, што е во согласност со договорот од Минск. 
Украинскиот претседател нагласи дека според договорот од Минска аеродромот во Доњецк треба да биде демилитаризирана зона. 

Учесниците на седницата  на националниот Совет за безбедност и одбрана со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите во Мариупољ, каде вчера загинаа 30 лица, а 95 беа повредени. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top