Унијатта на жени на ВМРО ДПМНЕ од Куманово однесоа храна, обувки и облека како помош за семејството Скендеровски, кое пред два дена остана на улица откако им изгоре куќа во голем пожар.
Помошта ја предаде претседателката Емилија Трајковска.
– За многу кратко време успејавме да се организираме, да собереме помош и да дојдеме во посета на семејството Скендеровски. И во иднина ќе продолжиме со ваквите акции каде што е неопходно. Вчера исто така организиравеме помош во поплавените семјства во селата Јачинце и Клечовце- изјави Трајковска.
Во името на петнаесетчленото семејство се заблагодари сопственикот Марјан Скендеровски.
Во семејството Скендеровски никој не е вработен, ниту пак примаат социјална помош иако имаат 8 малолетни деца од кои 5 одат на училиште. Сопственикот на куќата сеуште стои на тврдењата дека некој го подметнал пожарот во неговата куќа и очекува полицијата да ги открие сторителите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.