Над 60 талибанци се убиени во операција на силите за безбедност во Северен Авганистан, јави ДПА, повикувајќи се на локалната полиција.
Портпаролот на безбедносните сили во провинцијата Кундиз Сарвар Хосани, изјави дека заедничката операција на националната армија, полицијата и разузнавањето е спроведена неделава во округот Имам Сахеб.
Во операцијата се убиени 63 бунтовници, а околу 50 се повредени, нагласи Хосани, додавајќи дека во операцијата животот го загубиле и десет полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.