Под мотото „21 песна на Тоше за 1 живот“, „Комбанк арена“ во Белград ќе собере повеќе од 70 изведувачи, музичари и пејачи, кои ќе ги изведуваат хитовите на македонската пејачка легенда Тоше Проески.
Концертот е со хуманитарен карактер, а целиот приход ќе оди на сметката на Славица Обрадовиќ, која се бори за живот и единствена надеж ѝ е трансплантација на црн дроб во Италија, за што ѝ е потребен вкупен износ од 120.000 евра.
Иако прво беше закажан на 9 април, концертот „21 песна на Тоше за 1 живот“ ќе се одржи ден претходно, а ќе настапат многу познати изведувачи, меѓу кои: Саша Ковачевиќ, Бојан Маровиќ, група „Милиграм“, Борис Режак, Тања Бањанин, групите „Зана“, „Вампири“, Саша Васиќ, Алекса Јелиќ и други. Специјалeн гостин на концертот е хорот „Вива вокс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.