Младиот Филип Божиновски, кого македонската публика го запозна како победник на „М2“ шоуто, а неодамна со настапот на „Ѕвездите на Гранд“ го освои и Балканот стана миленик на младите. Тој продолжува во вториот круг на музичкото шоу и се надева дека со талентот ќе дотурка до финалето. Најавува дека ќе пее песна од Тоше Проески, а на инсистирање на неговите фанови кои на групата обожавателки на Филип и дадоа име „Срциња“ се сретна со нив пред заминувањето во Белград.
Младите обожаватели на Филип објавуваат фотографии од средбата со Филип, кој им отпеал неколку песни, а секако, репертоарот бил по избор на фановите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.