| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Божиновски како загревање на концертот на Аца Лукас

11202068_10207137852314762_5934874040135613432_n

Момчето што балканската јавност го запозна со учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, на 21 ноември ќе биде загревање пред големиот концерт на Аца Лукас во„Метрополис арена“. Филип Божиновскиќе настапи со бендот познат по одличните забави – „Фидбек“.

10702175_10152419808021246_3856338504501597544_n

Талентираниот пејач неодамна ја промовираше неговата прва песна на српски јазик „Туго моја“ која моментално е хит на сите радиостаници во Србија, Босна и Херцеговина и во Македонија.

Аца Лукас, пак, минатата недела во Белград во „Комбанк арена“ одржа концерт за паметење каде присуствуваа над 20.000 луѓе.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги купите по цена од 350 денари на „www.kupikartizase.mk“ и на продажните места „Розе Веро 2“ и „Југотон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top