Македонската репрезентација е подготвена за „моментот на вистината“, клучниот натпревар од СП 2015 во Катар, во кој „црвено-жолтите“ ќе се борат со Словенија за место меѓу најдобрите осум селекции во светот. Одличните резултати во досегашниот дел од шампионат се доказ за повисокото ниво на игра на нашиот национален тим на големите натпреварувања, но ракометарите се свесни дека тоа малку ќе значи доколку не се добие денешниот дуел со Словенците.
„Ние постигнавме досега добар резултат и успех со пласманот во осминафиналето, но како што реков од самиот старт на ова СП, мораме да бидеме многу помудри од сите претходни големи натпреварувања, го имаме неопходното искуство, па треба да се однесуваме посериозно за да оствариме уште поголем успех. Одиме чекор по чекор, но свесни сме дека сите досегашни победи ќе бидат бадијала, ако не ја оствариме нашата цел, најпрво победа против Словенија, а потоа и пласман меѓу најдобрите седум селекции на шампионатот и учество во квалификациите за ОИ“ – вели Борко Ристовски за Екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.