Линдзи Вон е победник на супер-џи трката во Сент Мориц, Швајцарија. Таа ја продолжи својата победничка серија на 64 победи од Светскиот куп. Американската ѕвезда победи со време од 1:23.55, пред актуелната шампионка од Светскиот куп, Ана Фенингер, која со 0.24 секунди беше единствената скијачка во секунда до Вон. Третото место го освои Австријката Никол Хосп, која заостана 1.10.
Лидерот во генерален пласман, Словенката Тина Мазе и Тина Вајратер од Лихтенштајн беа меѓу скијачките кои беа „фатени“ во финишот на патеката, каде што требаше да се направи тесно свртување налево. Вон сега е лидер во генерален пласман во супер-џи пред Фенингер, која останува втора и во генералниот пласман од Светскиот куп зад Мазе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.