| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени прашањата за екстерното тестирање

eksterno-testiranje---janev[1]

Од понеделник започнува екстерното тестирање за учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта. Екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците ќе се спроведе во периодот од 26 до 30 јануари.

На наведената интернет страница е објавен и јавниот базен со вкупно 50.400  прашања на македонски, албански и турски јазик, коишто ќе бидат дел од тестовите за гимназиско и стручно образование за сите струки, насоки и предмети.

Во оваа фаза, со процесот на екстерната проверка на постигањата на учениците, ќе бидат опфатени вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта, како и 3.923 наставници по 2.622 предмети. Резултатите ќе бидат објавени на 2.2.2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top