Вториот обид за извлекување на трупот од урнатиот авион на „Ер Азија“ од дното на Јаванското Море, заврши без успех, откако се скина јажето кое ги држи балоните за подигнување на леталото.
Портпаролот на индонезиската воена морнарица Манахан Саморангкир изјави дека главниот проблем денеска биле силните морски струења.
Вчерашниот обид за извлекување на остатокот од авионот беше неуспешен бидејќи неколку од балоните пукнале.
Се претпоставува дека во внатрешноста на трупот на авионот се наоѓаат голем број на мртви тела.
Саморангкир истакна дека за време на денешната операција нуркачите извадиле уште едно тело, со што бројот на пронајдените човечки трупови достигна 70. Во авионската несреќа, која се случи на 28 декември минатата година, загинаа 162 патника и членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.