Непознати маскирани лица ја ограбиле кумановската обложувалница „Моцарт“. Вчера околу 22,56 часот во Куманово на ул.„Илинденска“, во спортската обложувалница „Моцарт“, 2 лица маскирани со маски на главите од кои едното вооружено со огнено оружје-пиштол, извршиле разбојништво над вработената В.С.(1990) од Куманово.
Откако влегле во обложувалницата едно од лицата се доближило до уплатното место каде била оштетената и со закана со пиштолот кој го вперил во неа преку стаклото и подало кеса за да ги стави парите околу 100.150 денари, а потоа го напуштиле лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.