| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан струмичанец фрлал тули и кршел

alkohol
Вчера во Струмица на ул.„Ленинова“, во просториите на ЈУМЦСР-Струмица, А.К.(1973) од Струмица, фрлил тула со која го искршил стаклото на просторијата, по што тулата удрила во ѕидот и паднала во близина на шалтерите каде биле вработените.
Потоа зел еднабетонска плочка со која го искршил стаклото на влезната врата и со нога почнал да удира по стаклото од просторијата каде биле вработените и истото го оштетил.

Од страна на полицијата, тој е приведен во ПС-Струмица, извршено му е алкотестирање и утврдено присуство на алкохол во крвтта од 2,07 промили.

Истиот е задржан во станица до отрезнување, а во консултација со јавниот обвинител ќе му биде поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top