| четврток, 6 декември 2018 |

Лажна тревога за поставени бомби во два авиона на аеродромот во Атланта

_80502909_025569826-1Полицијата која извршила увид во два авиона на аеродромот во Атланта, поради закана добиена преку интернет за поставена бомба во леталата, не пронашла ништо, соопштија американски официјални претставници.

Портпаролот на ФБИ, Стивен Емет изјави дека полициските сили синоќа ја завршиле истрагата на еродромот Хартсфилд-Џексон во Атланта.

Портпаролот на аеродромот, Рис Мекрени истакна дека вчера стигнале закани за летовите на двете авиокомпании „Делта“ и „Саутвест“, кои пристигнувале од Портланд и Милвоки.

Двата авиона безбедно слетале на аеродромот, а патниците биле евакуирани.

Американски борбени авиони ги придружувале двата авиона до аеродромот Хартсфилд-Џексон, а специјално обучени кучиња учествувале во полициската истрага на леталата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top