| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Не е важно кој ќе победи во Грција, важна е волјата за решение на спорот со Македонија!

poposki_1301_g_0

„Клучно за Македонија по формирањето на новата грчката Влада е колку релно кај соседот ќе постои интерес да се занимава со надворешно политичките прашања вклучувајќи го и спорот со името во ситуација кога земјата се соочува со економски и социјални потешкотии“ – вели за Фактор шефот на македонска дипломатија, Никола Попоски. Тој оценува дека прв предуслов е Грција да престане со политиката на надмоќ која ја демонстира со нејиното членство во НАТО и ЕУ кон Македонија.

„Играњето на карта да не се решава вештачки измислениот спор за да се дестабилизира сосед, не носи добро на долг рок ниту за страната која спроведува таква стратегија“ – дециден е Попоски.

Според него, официјална Атина треба да престане брутално да ги криши основни демократски права на друга нација.

„ Треба мудрост, истрајност и целосен фокус на тоа што зависи од нас. Ова е свет каде што моќта се став над правото. Но кога си во право, полесно е да истраеш“ – вели Попоски.

На прашањато дали државновладиниот врв размислува за промена на форматот на преговори , Попоски со одговор: „ Форматот може да е ваков или таков, ако се нема волја, нема да се промени ни резултатот, “ проценува шефот на македонската дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top