| четврток, 6 декември 2018 |

СП Катар: Русија ги спакува куферите, Франција подобра во дербито против Шведска

Репрезентацијата на Русија, во чии редовите настапија и четворица ракометари на вицешампионатот Вардар, не успеа да се пласира ниту во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако во последниот натпревар од групната фаза во директната пресметка загуби од Аргентина со 27-30 (16-17).

Аргентинците од Групата Д, како четвртопласирана екипа, по овој триумф, се пласираа во осминафиналето и ќе играат против првопласираната репрезентација од групата Ц Франција која денеска во дербито славеше победа над Шведска од 27-25.

Qatar 2015 M57 RUS vs ARG

Најдобар кај Аргентина беше Федерико Пизаро со 9 гола, а Диего Симонет постигна 7 гола. Кај Русија, повторно најдобар беше Шишкарев со 7 гола, Игропуло заврши со пет, а Дибиров и Атман со по три постигнати погодоци.

Осминафинални двојки:

Франција – Аргентина, Шведска – Полска, Исланд – Данска, Египет – Германија, Шпанија – Тунис, Катар – Австрија, Хрватска – Бразил, МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top