| четврток, 6 декември 2018 |

Светска банка: Просечната цена на нафтата во 2015-та ќе изнесува 60 долари

Просечната цена на барел сирова нафта во 2015 година ќе изнесува се зголеми за 15 до 20 отсто, на околу 60 американски долари, предвидува претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким.

– Средната цена на барел нафта во 2014 година изнесуваше 96 долари. Во моментов е малку подолу од 50 долари. Во 2015 година средната, прогнозирана, цена на нафтата ќе биде 30 отсто пониска (од просечната во 2014-та), односно околу нивото на 60 долари. Тоа ќе додаде половина процентен поен раст на светската економија, што е многу значително – изјави челникот на Светската банка на Светскиот економски форум во швајцарскиот зимски центар Давос.

Светската банка прогнозираше дека глобалната економија ќе порасне за 2,6 отсто од 2014-та на 3,0 отсто во 2015 година и на 3,3 проценти следната 2016 година. Оваа експанзија се должи благодарение на ниските цени на нафтата, како и континуираното закрепнување на економијата на САД, постепеното подобрување во еврозоната и залетот што го добива забавениот раст во земјите во развој.

Според Џим Ј. Ким, од падот на цените на нафтата „има и победници, и поразени“. „Нигерија, Венецуела, Колумбија и, се разбира, Русија ќе бидат силно погодени, а од друга страна Индонезија и Индија веќе имаат полза од ниските цени на нафтата, за да го прекинат субвенционирањето на потрошувачката на енергенсите“, изјави Ким.

Што се однесува до цената на нафтата од типот Brent, кој се однесува на поголемиот дел земји кои ги спомена Ким, по четири години стабилност на цената на околу 105 долари само во последните шест месеци цената се намали од 110 на помалку од 50 американски долари.

 

Извор: Макфакс

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top