| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Америка знае дека Русија е единствената земја која може да ја уништи за помалку од половина час

Од аспект на затегнатите односи помеѓу Русија и Западот, во медиумите кои се поблиски во ставовите со официјален Вашингтон, Лондон и Брисел се појавуваат вести кои не само што го привлекуваат вниманието на читателите, туку и ја подигаат температурата за некој степен повеќе.

Токму една таква информација обелодени американскиот политички аналитичар Даглас Шон.

Шон и Мелик Кајлан, авторите на книгата „Руско-кинеска оска: Новата Студена војна и кризата на американското водство во светот“ наведоа како изгледаше банкетот кој бил организиран по повод победата на Владимир Путин на претседателските избори во 2011 година.

На собирот одржан во московскиот клуб “Нов век” присуствуваа многу домашни и странски новинари, политичари, деловни луѓе и личности од други професии. Путин уште на почетокот, расговарал за Русија, откриваат Шон и Кајлан, за довербата на рускиот народ во владата, како и за поддршката во која тој ужива.

Меѓутоа, нешто подоцна се отворило и прашањето за руско-американскиот однос. Изразувајќи незадоволство што САД планираат да изградат противракетен штит во Европа (кој Русија го гледа како потенцијално офанзивно оружје против неа), Путин изјавил дека “Вашингтон одржува односи со Москва само затоа што се знае дека Русија е единствената земја која може да ја уништи Америка за половина час, или дури и помалку”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top