| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот што успешно плови низ светот

Viktor-Nasteski-7– Уште ка­ко де­те сум са­кал да играм со тен­џе­ри­ња и со цр­пал­ки. Имам фо­то­гра­фи­ја ка­ко си играм со са­до­ви­те во куј­на. Ра­стев сам со мо­ја­та мај­ка и со мо­јот брат. Таа по­не­ко­гаш ра­бо­те­ше во две сме­ни за да за­ра­бо­ти за жи­вот. Уште ка­ко де­те мо­рав да си пра­вам ја­де­ње. И за ме­не и за брат ми, кој е пет го­ди­ни по­мал. Сѐ поч­на по­ра­ди бор­ба­та за пре­жи­ву­ва­ње. Та­ка ре­шив да се за­пи­шам во сред­но уго­сти­тел­ско – рас­ка­жу­ва Ви­ктор На­сте­ски, Ма­ке­до­не­цот што  ве­ќе 11 го­ди­ни го оби­ко­лу­ва све­тот ра­бо­теј­ќи на лу­ксуз­ни кр­сто­су­ва­чи, а де­нес ра­бо­ти ка­ко еден од ше­фо­ви­те на куј­на на нај­го­ле­ми­от брод на све­тот „Прив­леч­ност на мо­ри­ња­та“ (Allure of the Seas). Од­го­во­рен е за де­вет од 25 ре­сто­ра­ни на кр­сто­су­ва­чот, а таа по­зи­ци­ја му но­си и офи­цер­ски чин.

Мо­мент­но е на пла­тен од­мор, кој, се­ка­ко, го ко­ри­сти за да би­де со најб­ли­ски­те. Го по­ба­рав­ме да ис­пи­е­ме ед­но ка­фе и да ни ја рас­ка­же сво­ја­та жи­вот­на при­каз­на – ка­ко стиг­на да би­де дел од брод­ска­та при­каз­на, зо­што  ре­ши да ја на­пу­шти зем­ја­та. Рас­по­ло­жен за му­а­бет, ве­дар и нас­ме­ан… Поч­нав­ме од пр­во­то ра­бот­но искус­тво. Уште во пр­ва го­ди­на во сред­но обра­зо­ва­ние мо­рал да ба­ра ра­бо­та по­ра­ди ло­ша­та фи­нан­си­ска со­стој­ба до­ма. Се отво­рил ре­сто­ран во Леп­то­ка­ри­ја.

Го отво­ри еден млад чо­век, дој­ден од Гер­ма­ни­ја. Од­ли­чен ре­сто­ран. По­ба­ра лу­ѓе на пра­ктич­на ра­бо­та, ус­пе­ав да вле­зам. Та­ка поч­нав да учам ку­ли­нарс­тво. На про­фе­со­рот по фи­зич­ко бе­ше ре­сто­ра­нот „Ида­ди­ја“. Имав мож­ност и та­му да учам да ра­бо­там. По ча­со­ви го оста­вав ра­не­цот до­ма и одев да ра­бо­там. Не ми бе­ше важ­но во ка­ква куј­на ќе ра­бо­там, да­ли со ме­со, со те­сте­ни­ни или спе­ци­ја­ли­те­ти. Шко­ла­та што ја до­бив не се пла­ќа. А, јас до­би­вав и пла­та за тоа. Се пре­жи­ву­ва­ше, се се­лев­ме по­сто­ја­но одеј­ќи под ки­ри­ја. Мај­ка ми и та­тко ми се раз­ве­ле уште ко­га сум бил мно­гу мал. Не го поз­на­вам. Се не­мам срет­на­то со не­го. По­тоа мај­ка ми се пре­ма­жи, се ро­ди брат ми Са­шко, но и на тој брак му дој­де кра­јот. Оста­нав­ме со мај­ка ми. Го­твев во ре­сто­ра­ни и за­ра­бо­ту­вав за жи­вот.  До­маш­ни­те не беа жр­тви на мо­и­те екс­пе­ри­мен­ти во куј­на. Но, по­доц­на со­би­рав друш­тво и им го­твев – ве­ли Ви­ктор.

Се на­мет­на му­а­бе­тот – кол­ку де­вој­чи­ња­та па­ѓаа на мом­че­то што до­бро го­тви. Сра­меж­ли­во, пр­во не са­ка­ше да од­го­во­ри, а по­тоа до­да­де:
Ро­ман­ти­чар бев и сѐ уште сум. Па­ѓаа де­вој­чи­ња на ку­ли­нар­ски­те спо­соб­но­сти, ве­че­ра, све­ќи, ро­ман­ти­ка. И сѐ уште сум ро­ман­ти­чар. Ја по­ба­рав се­га ве­ќе свр­ше­ни­ца­та за со­пру­га на кр­ста­ре­ње на Ба­ха­ми­те. Дој­де на бро­дот и две не­де­ли бе­ше со ме­не на кр­ста­ре­ње.

Viktor-Nasteski-6

По сред­но учи­ли­ште за­ми­ну­ва во вој­ска. Бил во те­жок пер­и­од, ко­га не­го­ви­от при­ја­тел од вој­ска за­ги­нал. Са­кал да оста­не во пла­те­на вој­ска, но во пос­ле­ден мо­мент се пре­мис­лил. Поч­нал да ра­бо­ти во „Хо­ли­деј ин“, ка­де што, ве­ли, го до­бил нај­го­ле­мо­то искус­тво. По­тоа сле­ду­ва­ла таа фа­за што да се ра­бо­ти по­на­та­му. Ма­ке­до­ни­ја не е зем­ја ка­де што би се це­не­ла не­го­ва­та про­фе­си­ја. Раз­мис­лу­вал за сопс­твен ре­сто­ран. Но, ин­ве­сти­ци­ја­та да отво­ри ре­сто­ран ка­ков што са­кал би­ла пре­го­ле­ма. За­тоа се отка­жал од иде­ја­та за сопс­твен ло­кал. Ве­ли би ме­на­џи­рал, би кре­и­рал ме­ни во ре­сто­ран, но не во сопс­твен ре­сто­ран:
По де­сет го­ди­ни кр­ста­ре­ње на­пра­вив ед­но­го­диш­на па­у­за со на­ме­ра да оста­нам во Ма­ке­до­ни­ја. Прет­ход­но одев на пат око­лу све­тот, па­ту­вав со брод, ра­бо­тев за дру­га ком­па­ни­ја. Со де­вој­ка ми  се до­го­во­рив да оста­нам во зем­ја­ва. Се вра­бо­тив во еден нов ре­сто­ран што се отво­ри то­гаш, кре­и­рав ме­ни, но сопс­тве­ни­ци­те имаа свои жел­би, кои за ме­не не беа при­фат­ли­ви и си за­ми­нав. Ви­дов де­ка не мо­жам ту­ка. Бев прем­но­гу нер­во­зен, де­пре­си­вен. Мо­рав да ап­ли­ци­рам за над­вор. Ап­ли­ци­рав на ин­тер­нет за „Ро­јал ка­ри­би­ан кру­зес“. Се по­го­ди во кан­це­ла­ри­и­те во Ма­ја­ми да ра­бо­ти Ма­ке­дон­ка. Раз­го­ва­рав­ме, по­тоа имав ин­терв­ју со глав­ни­от. Та­ка стиг­нав до нај­го­ле­ми­от брод на све­тот „Прив­леч­ност на мо­ри­ња­та“ (Allure of the Seas).

Брод од со­ни­шта­та

– Има и евти­ни кр­ста­ре­ња, од не­кои 500 евра, но да дој­деш до та­му ави­он­ски­те кар­ти се пре­ска­пи. Ова е нај­го­ле­ми­от брод на све­тот. Из­ле­зе во 2011 го­ди­на. Ко­га ви­дов сѐ што има на бро­дот не мо­жев да по­ве­ру­вам. Прет­ход­но по­ми­нав три до­бри ком­па­нии, но ва­кво не­што не­мав ви­де­но. Има ка­па­ци­тет за 6.200 го­сти и за 2.300 вра­бо­те­ни. 8.500 лу­ѓе на бро­дот. Има лиз­га­ли­ште со ви­стин­ски мраз, два ве­штач­ки бра­на над бро­дот за сур­фа­ње, ка­де што на­у­чив да сур­фам. Има ско­кал­ни­ци, ба­зен­че што пре­ку ден е би­на, а на­ве­чер се пра­ви ба­зен, ка­де што има аква­шоу… Има те­а­тар што со­би­ра по­ве­ќе од 2.000 лу­ѓе.  До­а­ѓаш со де­те и има кој да се гри­жи за не­го. Има за­ба­ва за најм­ла­ди­те. Ги има ли­ко­ви­те од ани­ми­ни­ра­ни­те фил­мо­ви. Чо­век об­ле­чен ка­ко Шрек ше­та низ брод и ги за­ба­ву­ва го­сти­те.Ние  не сме­е­ме да му се обра­ќа­ме по име иа­ко зна­е­ме кој е. Му се обра­ќа­ме иск­лу­чи­тел­но со Шрек – рас­ка­жу­ва Ви­ктор, кој ве­ли де­ка се­га ка­ко ше­ф на куј­на на нај­го­ле­ми­от брод, има по­ве­ќе вре­ме за ужи­ва­ње. Сур­фа, игра ко­шар­ка, фуд­бал, пинг-понг, пли­ва, веж­ба – и се­то тоа на ед­но ме­сто – на бро­дот на кој ра­бо­ти.

Се­ко­гаш мо­рам да вни­ма­вам да­ли го­тва­чи­те во куј­на се при­др­жу­ва­ат на ре­цеп­тот што им е да­ден. Се­кое утро мо­рам да про­ве­рам да­ли на­мир­ни­ци­те се во ред, да­ли е свеж зе­лен­чу­кот што е до­би­ен од ма­га­ци­нот. По­не­ко­гаш се ме­ну­ва одре­де­но ме­ни по жел­ба на го­сти­нот, до­кол­ку по­ба­ра не­што спе­ци­јал­но што ние во мо­мен­тот мо­же­ме да го на­пра­ви­ме за не­го. Еве за праз­ни­ци­те се пла­ќа­ше од 3.000 до­ла­ри до 50.000 до­ла­ри за се­дум де­на кр­ста­ре­ње. Ако ти по­ба­ра би­фтек уште ед­наш на ме­ни, не мо­жеш да ре­чеш не – до­да­ва 34-го­диш­ни­от скоп­ја­нец, кој ве­ли де­ка на бро­дот има мно­гу бо­га­ти лу­ѓе, но мно­гу ре­тко се по­ја­ву­ва­ат ли­ца од џе­тсе­тот.

Viktor-Nasteski-1

 Не­у­ба­ва­та стра­на на кр­ста­ре­ње­то

Се гри­жи за дел од ре­сто­ра­ни­те, но за­дол­жен е и за без­бед­но­ста на пат­ни­ци­те на бро­дот, од ка­де што му е и тој офи­цир­ски чин. Се ра­бо­ти за брод од 17 ка­та, на кој не ре­тко се слу­чу­ва не­кој да скок­не или да пад­не од брод. Има­ло ду­ри и та­кви слу­ча­и, ко­га по­ста­ри лу­ѓе уми­ра­ле од ср­цев удар.

Ед­наш со ко­ле­га­та се­дев­ме во ре­сто­ра­нот и ја­дев­ме. Одед­наш се за­тре­се бро­дот. Ко­ле­га­та ве­ли изг­ле­да се фр­ли не­кој. Тоа се има­ше слу­че­но не­кол­ку па­ти. Ед­наш пад­на 21-го­диш­на де­вој­ка, но доц­на за­бе­ле­жаа де­ка ја не­ма. Со ча­со­ви ја ба­рав­ме. За­ста­наа и дру­ги бро­до­ви, но не ја нај­дов­ме. Не мо­жеш да ги кон­тро­ли­раш 9.000 лу­ѓе. Но, овој пат зна­ев де­ка не се ра­бо­ти за та­ков слу­чај. Му ре­ков на ко­ле­га­та де­ка е не­што по­се­ри­оз­но. И, на­ви­сти­на, бе­ше. Ни ја­ви­ја де­ка експ­ло­ди­рал мо­тор. Таа ин­фор­ма­ци­ја бр­зо се ра­ши­ри низ ме­ди­у­ми­те. Уште го не­мав­ме из­га­се­но по­жа­рот, сѐ бе­ше об­ја­ве­но на „Си-Ен-Ен“. Пар­че ме­тал из­ле­зе од мо­та­рот. Но, за кра­тко вре­ме сѐ се из­га­си авто­мат­ски – се по­тсе­ту­ва Ви­ктор.

Тој приз­на­ва де­ка има мно­гу стрес­ни мо­мен­ти, опас­ни и ри­зич­ни си­ту­а­ции. Све­сен е де­ка на отво­ре­но мо­ре сѐ мо­же да се слу­чи. Го наг­ла­су­ва те­ро­риз­мот, кој за­зе­ма го­лем за­мав, а бро­до­ви­те се нај­лес­на цел – мно­гу лу­ѓе на ед­но ме­сто.

Viktor-Nasteski-3

Ку­ли­нарс­тво­то не­ка­де се це­ни

Раз­го­ва­рав­ме за ма­ке­дон­ски­те на­ви­ки за ис­хра­на и за на­ви­ки­те на стран­ци­те со кои ра­бо­ти. Ве­ли има­ме до­бри ре­сто­ра­ни, но не до­вол­но:
Има­ме во Ма­ке­до­ни­ја до­бри ре­сто­ра­ни. Се ме­ну­ва тој наш мен­та­ли­тет да ба­ра­ме ко­ли­чи­на на хра­на. Че­сто ту­ка ко­га ра­бо­тев гле­дав де­ка ба­ра­ат пол­на пор­ци­ја ска­ра. Јас би на­пра­вил спе­ци­ја­ли­тет со одре­ден сос. Гар­ни­рот го ста­вам со есте­ти­ка, да има убав изг­лед. Но, кај нас тоа не се це­ни. Кај нас се ба­ра „дај да се нај­а­дам“. Но, се­га ве­ќе до­а­ѓа­ат стран­ци и се ме­ну­ва мен­та­ли­те­тот. Не сум бил во ре­сто­ра­ни во пос­лед­ни­от пер­и­од, но мис­лам де­ка не­кои ра­бо­ти се ме­ну­ва­ат – ве­ли Ви­ктор.

Тој ве­ли де­ка знае да се раз­о­ча­ра од ус­лу­га­та во ре­сто­ра­ни­те, но и да по­фа­ли ко­га ќе до­бие до­бро ја­де­ње. Би се вра­тил во зем­ја­ва, но не да ра­бо­ти ка­ко уго­сти­тел. Тоа кај нас, ко­мен­ти­ра Ви­ктор, не се це­ни. Мо­жеш да де­ко­ри­раш пор­ци­ја со мно­гу љу­бов и вни­ма­ние, а ни­кој да не го за­бе­ле­жи тоа. Кре­и­ра­ње­то на ме­ни­ја­та на ре­сто­ра­ни­те сопс­тве­ни­ци­те са­ка­ат да им го на­пра­виш без да до­би­еш на­до­мест за тоа, а по­доц­на да те пла­ќа­ат со не­ко­ја про­сеч­на пла­та.

Ре­тки се тие ре­сто­ра­ни ка­де ше­фот на куј­на до­би­ва до­бра пла­та. За до­бра пла­та ќе оста­нев ту­ка. Во пер­и­о­дов се­га мис­лам де­ка и за до­бра пла­та не би оста­нал. Имам по­зи­ци­ја, ко­ја по 11 го­ди­ни ја зас­лу­жив. Че­ти­ри ме­се­ци сум на ра­бо­та, два до­ма, а пла­те­ни ми се и тие два ме­се­ца. Пла­те­но ми е и здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње. Сѐ ми е по­кри­е­но. Ра­бо­там 8 ме­се­ци, 12 ми се пла­те­ни.

Viktor-Nasteski-5

 

 Нај­те­шко ми е за са­ка­на­та

Да­ли вре­ди да се би­де да­ле­ку од до­ма са­мо за да се за­ра­бо­ти? Кол­ку не­до­сти­га се­мејс­тво­то, кол­ку не­до­сти­га­ат при­ја­те­ли­те и са­ка­ни­те?

Не ме ин­те­ре­си­ра ни­што дру­го освен мо­ја­та са­ка­на. Нај­те­шко ми е за неа. Не е лес­но да си од­де­лен че­ти­ри ме­се­ци од не­кој што го са­каш. Но, гле­да­ше де­ка ту­ка сум не­сре­ќен. Имав­ме ка­ра­ни­ци. Не е сѐ во па­ри­те, но ко­га ќе ви­диш на кра­јот на де­нот сѐ е за па­ри­те. Са­кам да за­ра­бо­там за мо­и­те де­ца да не стра­да­ат ка­ко што јас сум стра­дал. Жи­во­тот на брод не е ле­сен. Осо­бе­но на по­че­то­кот. Во 2001 го­ди­на, бу­квал­но, пла­чев. Мал­ку не­до­сти­га­ше да се вра­там. Ра­бо­тев по 16 ча­са без да за­ста­нам, а не е пла­те­но пре­ку­вре­ме­но. Де­лиш ка­би­на со уште трој­ца, не­маш мир, да­ле­ку си од са­ка­ни­те. Бе­ше ха­ос. Се­га жи­во­тот ту­ка е друг. Ете мо­жам да си доз­во­лам да ја зе­мам со ме­не на кр­ста­ре­ње, па да на­до­ме­сти­ме мал­ку за тоа вре­ме ко­га не мо­же­ме да би­де­ме еден до друг. За се­мејс­тво­то не се гри­жам. Та­ква ми е жи­вот­на­та при­каз­на. А до­бри­те при­ја­те­ли ми оста­наа при­ја­те­ли – ко­мен­ти­ра Ви­ктор, по­сто­ја­но наг­ла­су­вај­ќи де­ка би бил нај­сре­ќен ко­га и са­ка­на­та би би­ла со не­го.

Да­ли ќе се вра­ти во Ма­ке­до­ни­ја за не­ко­ја го­ди­на и ка­де би жи­ве­ел со са­ка­на­та, сѐ уште не знае. Ако се вра­ти, знае де­ка не­ма да ра­бо­ти ка­ко уго­сти­тел. Раз­мис­лу­ва да за­ми­не за Аме­ри­ка, но тоа сѐ уште се са­мо не­кол­ку ва­ри­јан­ти што би пра­вел по­на­та­му.


Па­ту­ва­ње­то му по­мог­на да ја за­поз­нае се­стра си

Иа­ко не­го­ва­та мај­ка му да­ла број од не­го­ви­от та­тко, Ви­ктор сѐ уште се не­ма срет­на­то со не­го. Доз­нал де­ка има уште еден брат и се­стра – Зо­ран и Але­ксан­дра. Се поч­на­ло пре­ку ко­му­ни­ка­ци­ја­та со то­гаш­на­та де­вој­ка на Ви­ктор. Тој имал 21 го­ди­на. Со­се­ма слу­чај­но, раз­го­ва­рај­ќи со сво­ја­та то­гаш­на де­вој­ка за жи­вот­на­та при­каз­на, сфа­ти­ле де­ка не­го­ви­от та­тко е при­ја­тел на та­тко­то на де­вој­ка­та.То­гаш Ви­ктор прв­пат го ви­дел та­тка си на фо­то­гра­фи­ја, но тоа би­ла ста­ра фо­то­гра­фи­ја на ко­ја не мо­жел уба­во да се рас­поз­нае не­го­ви­от лик. Та­ка доз­нал за Але­ксан­дра, ко­ја ра­бо­те­ла на те­ле­ви­зи­ја во не­кол­ку еми­сии. Свр­тел во до­мот на не­го­ви­от та­тко, се ја­ви­ла Але­ксан­дра. Отка­ко се прет­ста­вил, таа му ка­жа­ла де­ка за не­го доз­на­ла до­де­ка тој бил во вој­ска и де­ка и са­ма­та одам­на са­ка­ла да го по­ба­ра. Се до­го­во­ри­ле да ја по­ба­ра во ка­фу­ле­то во кое ра­бо­те­ла во тој пер­и­од. Но, Ви­ктор не со­брал си­ла и хра­брост да вле­зе. За­ми­нал на брод и по­тоа не­ма­ло ни­ка­ква ко­му­ни­ка­ци­ја. Ми­ну­ва­ле го­ди­ни, тој до­а­ѓал на од­мор во Скоп­је… Не­го­ва­та то­гаш­на де­вој­ка го ин­фор­ми­ра­ла што се слу­чу­ва со не­го­ви­те брат и се­стра. Му ка­жа­ла де­ка Але­ксан­дра ре­ши­ла да за­ми­не на брод и да за­ра­бо­ти па­ри за сво­и­те сту­дии по актерс­тво во Ван­ку­вер. Пос­лед­ни­от до­го­вор го тем­пи­ра­ла да би­де на кр­сто­су­вач што тре­ба­ло да се за­ко­тви во Ван­ку­вер за да мо­же да оди на при­е­мен ис­пит на та­мош­на­та филм­ска шко­ла. Во ме­ѓу­вре­ме, Ви­ктор се раз­де­лил со де­вој­ка­та и не­мал ин­фор­ма­ции за се­стра си. Но, ком­па­ни­ја­та за ко­ја ра­бо­тел има­ла три бро­да. Отка­ко бро­дот на кој пло­вел Ви­ктор се рас­и­пал, дел од еки­па­жот бил ис­пра­тен до­ма, а дру­ги­те, ме­ѓу кои и тој, би­ле ис­пра­те­ни на друг брод што тре­ба­ло да кр­сто­су­ва во Ка­на­да и во Ал­ја­ска.  На бро­дот се срет­нал со по­ра­неш­на­та де­вој­ка. Бро­дот тре­ба­ло да оди во Ван­ку­вер и от­та­му да го поч­не дво­не­дел­но­то кр­сто­су­ва­ње до Ал­ја­ска. Не­го­ва­та по­ра­неш­на де­вој­ка му ка­жа­ла де­ка се­стра му жи­вее во Ван­ку­вер. Ре­шил де­ка мо­ра да се ви­дат.

Се вклу­чив на „Фејс­бук“ и вед­наш ја про­нај­дов. Не бев си­гу­рен ка­ко ќе ре­а­ги­ра таа по тол­ку вре­ме, но се­пак ѝ ис­пра­тив по­ра­ка. Се до­го­во­рив­ме да се срет­не­ме… Тоа бе­ше нај­не­ве­ро­јат­на­та и нај­е­мо­тив­на­та ра­бо­та што ми се слу­чи­ла до­то­гаш. Имав­ме са­мо не­кол­ку ча­са, а мно­гу ра­бо­ти да си ка­же­ме. Таа вед­наш му ка­жа­ла на Зо­ки де­ка тре­ба да се ви­ди­ме. Тој ме про­нај­де на „Фејс­бук“. По две не­де­ли се ви­дов со се­стра ми уште ед­наш. По­тоа сле­ду­ва­ше мо­ја­та сред­ба со Зо­ки во Скоп­је. От­то­гаш ре­дов­но ко­му­ни­ци­ра­ме. Еве се­га до­де­ка сум ту­ка во Скоп­је че­сто из­ле­гу­вам со брат ми. Та­тко ми не сум го ви­дел сѐ уште – ве­ли Ви­ктор.

Разговараше: Билјана Зафирова

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top