| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Скендеровски загуби сѐ во пожар кој беснеел шест часа

Опожарена е  куќа во куманoвската населба Средорек. Во пожарот нема повредени лица, но причинета е занчителна материјална штета. Речиси шест часа пожарникарите се бореле со огнената стихија која ја зафатила куќата на семејството Скендеровски во кумановската населба Средорек.
Од територијалната противпожарна едница информираат дека интервенирале од три часот по полноќ.
– Пожарот го гасеа десет пожарникари со три противпожарни возила се до 07.50 часот утрово, изјави Дејан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.
Поради брзата интеревенција на кумановските пожарникари огнената стихија не ги зафатила соседните куќи кои се во непосредна близина на куќата на Скендеровски.

Единаесетчленото семејство Скендеровски апелира до надлежните за помош, бидејќи во пожарот ја изгубиле целата покуќнина.

Причините за настанувањето на пожарот ќе се утврдуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top