Вчеравечер околу 19,00 часот во маркетот „Јупром“, кој се наоѓа на ул.„Андреја Стојановски“ во Тетово, двајца засега непознати сторители се обиделе да извршат вооружен грабеж, при што им се заканувале на вработените Т.Б.(1947) и Т.Ч.(1962), а повредиле купувач.
Имено, лицата влегле во маркетот и еден од нив вперил пиштол кон вработените, барајќи пари, а откако продавачката се спротивставила, сторителот пиштолот го вперил кон И.И., кој бил купувач, по што со рачката од пиштолот го удрил во пределот на задниот дел на главата.
Веднаш потоа, двете лица го напуштиле маркетот и заминале кон ул.„Ѓорче Петров“, а И.И. е пренесен во Клиничкиот центар воТетово заради укажување на лекарска помош.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


