| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов и дипломатскиот кор во Крушево

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија денеска ќе присуствуваат на презентација за Крушево, од страна на градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчевски, како и на презентација на проектот „Македоника“ на Фондацијата за негување на македонското културно наследство МАКЕДОНИКА.

Како што е најавено, македонскиот претседател Иванов и членовите на дипломатскиот кор ќе ја посетат Спомен куќата на Тоше Проески и споменикот „Илинден“.

Инаку, вчера претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Крушево приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија.

Согласно воспоставената практика дипломатскиот прием се одржува надвор од главниот град, годинава, дипломатите имаат можност да се запознаат со економските и културните карактеристики на општина Крушево.

Традиционалниот прием по повод новогодишните и божиќните празници за членовите на дипломатскиот кор во 2014 година беше приреден во Гевгелија, во 2013 година во Берово, додека во 2012 година во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top