Роденденот на Тоше Проески во Охрид ќе биде обележан уште вечерва. Во чест на македонската музичка ѕвезда во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт.
Иницијатори за концертот се неговите фанови од Охрид, а ќе настапат млади музички таленти и хорот на охридската Гимназија, кои ќе изведуваат песни од Тоше.
Влезницата е со симболична цена од 100 денари, а средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со попреченост „Зраци“.
Во Крушево, пак, во организација на Меѓународната фондација „Тоше Проески“, утре, 25 јануари, ќе се одржи културно-уметничка програма во неговиот спомен дом во Крушево.
Сите почитувачи на ликот и на делото на Тоше на неговиот роденден во Крушево ќе имаат можност да се запознаат со нови содржини кои во изминатиот период не биле објавени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење
-
Трагично не напушти пред 11 години: Вечерта пред загинувањето, изјави нешто што ќе ве наежи!
-
Боки славеше роденден, Лила му дојде по танга (ФОТО)