| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: За македонските компании обезбедивме евтини кредити преку ЕБРД

Македонската Влада се грижи подеднакво за сите: и за домашните и за странските компании, вели премиерот Никола Груевски. Тој посочи дека на сите им се на располагање исти услови и дека и домашните компании можат да дојдат во зоните ако ги исполнуваат условите, а таму се бара производство на повисока технологија.

-Покрај тоа, на домашните фирми им обезбедивме кредитни линии. Во време во кое што имаше високи каматни стапки, серија на повлекувања на кредитни линии од ЕБРД кои што се ревизибилни. Значи, се даваат на компаниите, компаниите по некое време ги враќаат, а државата ги враќа назад. Тие кредити се обезбедија со камата не повисока од 5 ипол посто. Во време кога каматите во Македонија беа 9%, а за некои фирми и до 13%, ние обезбедивме во кризното време, па и сега- кредитна линија која толку многу се користи што 99 отсто од сите кредити во Македонија кои се даваат на компании се даваат од таа кредитна линија, рече Груевски.

Премиерот посочи дека овој кредит го имаат искористено огромен број на домашни фирми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top