| четврток, 6 декември 2018 |

Повик за итна евакуација од Лакавица

Поради прелевање на Браната Мантово, Општина Штип упатува итен апел до жителите на селата од 20 км. наваму (посебно за жителите на с. Лакавица), да се повлекуваат во градот, а стоката и добитокот да се однесат што е можно повисоко во планинските предели.

Попладнево, исто така, реката Отиња се прели во централното подрајче на Штип и ги уништи уредените површини. Штети има и во штипско Ново Село.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top