
Поради обилните врнежи во последниве 24 часа во соседна Србија е зголемен водостојот на реката Пчиња, кој попладнево се излеа и поплави земјоделски обработливи површини на потегот од селото Пелинце кон Драгоманце.
Од Регионалниот центар за управување кризи информираат дека е поплавен и просторот околу Меморијалниот центар АСНОМ.
Екипи на повеќе надлежни институции, меѓу кои на Дирекцијата за заштита и спасување, РЦУК и претставници на општините Куманово и Старо Нагоричане се на терен и се обидуваат да ги санираат последиците од излевањето на Пчиња.
Од РЦУК информираат дека е ангажирана машина од Дирекциајта за заштита и за спасување со која се расчистуваат критичните точки во близина на мостот кај село Коинце и на мостот во Пелинце над Меморијалниот центар АСНОМ.
Оттаму предупредуваат дека можно е да се излее и реката Пчиња во делот на општина Куманово на потегот на селата Клечовце, Јачинце, Довезенце и Шупли Камен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


