| четврток, 6 декември 2018 |

Излеани Луда Мара и Раечка Река

луда

Реките Луда Мара и Раечка во Кавадаречко, како што потврдуваат од Регионалниот центар за управување со кризи Велес, се излеани.

– Луда Мара е излеана од населбата Глишиќ до селото Марена при што се поплавени околу 10 хектари земјоделски површини. Настрадала и една куќа, но во неа, според првичните информации, немало жители. Овде наврнале околу 39 литри на метар квадратен изјави Наташа Петрова од Центарот.

Поради обилните дождови повторно се излеа и Раечка река.

– Зголемено е нивото на реката, таа се има излеано и има поплавено лозови насади на површина од околу 8 хектари. Водата зафатила и неколку импровизирани објекти наоколу – додаде Петрова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top