| четврток, 6 декември 2018 |

Нафтата поскапува – бензинот пак нагоре?

benzin poskapuvanje

Цените на суровата нафта денеска се зголемија имајќи предвид дека слабеењето на американската валута овозможило нафтата изразена во долари да биде поевтина, поради што е зголемена побарувачката, наведуваат аналитичарите.

Нафтата на Њујоршката берза е зголемена за 24 центи и изнесува 93,27 долари за барел, додека европската марка „брент“ на берзата во Лондон поскапела за 90 центи, достигнувајќи 109,42 долари за барел.

– Слабеењето на доларот предизвика раст на цената на нафтата, истакна аналитичарот на фирмата „Филип фјучерс“ во Сингапур Кер Чунг Јанг.

Имајќи предвид дека со нафтата се тргува во долари, таа станува поевтина кога доларот слабее, што ги поттикнува инвеститорите на купување и резултира со повисоки цени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top