| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во источна Македонија

OLUJNI OBLAK

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина до 100 километри на час зафатија делови од источна Македонија. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд од 7 до 13 часот има наврнато во Пожар 55 л/м2, во Крива Паланка 39 л/м2, во Демир Капија 38 л/м2, во Штип 34 л/м2 , во Виница 18 л/м2, два л/м2 во Струмица, Куманово и еден л/м2 во Охрид, Прилеп, Берово и во Крушево.

Појава на град е регистрирана во општина Конче, а во Струмица тој бил со големина на орев. Нестабилноста која се протега од Кожуф, па сѐ до Осоговските Планини постепено се поместува кон исток и североисток.

До крајот на денот, како што велат од УХМР, ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи, а на планините со повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во источните делови на државата врнежите ќе бидат пообилни и ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе слабеат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top