Управител и уште еден струмичанец се обиделе да избегнат царински давачки за текстил преку испратници на пропаднати фирми.
СВР Струмица јави дека поднеле кривична пријава за Т.Д. (45) од Струмица, управител на „Кир-Зор“ДООЕЛ Струмица, и за Н.Д.(39) од Струмица за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на шверцување и царинска измама, Т.Д. е пријавен и за фалсификување исправа, додека Н.Д. и за употреба на исправа со невистинита содржина.
Во текот на ноември 2012 година пријавените преку граничниот премин „Ново Село“, од Бугарија во Македонија внеле поголема количина текстилна стока во износ од 175.120 денари, избегнувајќи да платат царински давачки, по што преку „Карго експрес“ ДООЕЛ Битола се обиделе од Струмица стоката да ја испратат на сопствениците во Прилеп, Битола, Охрид и Струга со цел нивна натамошна препродажба. За потребите на поштенскиот транспорт и за да се прикрие потеклото на стоката, Т.Д. иако знаел дека неговата фирма „Кир Зор“ е во стечај, издал испратници во име на фирмата кои од страна на Н.Д. се приложени заедно со стоката во „Карго експрес“ за да им бидат доставени на примачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.