| четврток, 6 декември 2018 |

Три момчиња ограбиле 14 македонски цркви

СВР Штип расветли 14 кривични дела  тешка кражба и три кривични дела тешка кражба во обид, сторени од цркви во период од 13 октомври минатата година до 20 јануари годинава.

Од 14 кражби, три тешки кражби се сторени на подрачјето на општина Виница, 10 тешки кражби и три тешки кражби во обид на подрачјето на општина Кочани и една тешка кражба на подрачјето на општина Македонска Каменица.

По преземените мерки и активности постојат основи на сомнение дека сторители на тешки кражби од цркви на подрачјето на Полициската станица во Виница се З.Д.(24) од виничкото село Лаки, Д.Г.(28) од беровското село Митрашинци и Х.И.(22) од делчевското село Дулица.

На подрачјето на Полициската станица во Кочани, З.Д. сторил девет тешки кражби и три тешки кражби во обид од цркви, а една тешка кражба од црква заедно со Д.Г.

На подрачјето на Полициското одделение во Македонска Каменица З.Д. извршил  една „тешка кражба” од црква. По целосно комплетирање на кривично-правниот настан ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top