| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени четири цркви во Охридско

Вчера и завчера, во с. Куратица, Охридско, непознат сторител насилно влегол во црквите „Св. Богородица“, „Св. Димитрија“ и „Св. Никола“, по што извршил кражба одземајќи 3.700 денари.

Во периодот од 16 до 27 март, пак, во с. Завој, Охридско, непознат сторител насилно влегол во црквата „Св. Богородица“ и извршил тешка кражба од каде што одзел околу 3.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и во двата случаи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top