| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во болница во Сплит

Пожар избувна синоќа по полноќ во Клиничкиот центар во хрватскиот град Сплит. Во несреќата нема повредени, јави Танјуг.

Огнот целосно ја уништил кујната на одделението за хирургија, што целосно бил зафатен од густ чад.

Болничките службеници регистрирале пожар во операцискиот блок со помош на термо камери. Подоцна огнот е изгаснат со помош на градската противпожарна служба. За време на гаснење на пожарот пациентите не биле евакуирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top