
Управата на „Економист“ вчера ја именуваше Зани Минтон Бедас за прва главна уредничка во 172-годишната историја на овој угледен британски неделник.
Бедас (47) на таа функција го замени Џон Микелтвајт, кој на почетокот од месецов беше именуван на чело на „Блумберг“.
На главната уредничка функција на еден од најистакнатите економски печатени медиуми на светот Бедас премина од досегашното место шеф на неговата економската редакција.
Таа работи во „Економист“ од 1994 година, по кусата кариера на економистка во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промовирано македонското издание на специјалната едиција на „Економист“
-
Гаф на „Економист“: Сакајќи да го исмее Путин, Лукашенко го направи украински претседател
-
Владата преку „Економист“ бара менаџери што ќе доделуваат инвестиции од Фондот за иновации
-
„Економист“: Уругвај е држава на годината за 2013


