Првиот македонски кошаркар што настапувал во НБА лигата, Перо Антиќ е кандидат за настап на Ол-стар викендот во Њујорк, а има шанса да биде запишан во историјата на спектакуларното натпреварување.
За првпат ќе се игра по новиот формат, а на мегдан ќе излезат предизвикувачите од САД против ривалите од остатокот на светот. Тоа важи за „Рајзинг стар челенџот“, натпреварување во кое досега меѓусебе играа дебитанти со сомфори, или кошаркари што се прва година во НБА, со тие што ја играат втората сезона во најсилната баскет лига на светот.
Овојпат ќе биде поинаку, што пак му остава простор на Антиќ да биде дел од спектаклот. Лани со прекрасните игри Перо апсолутно заслужено беше избран да настапи на спектаклот во Њу Орлеанс, но малерот и повредата на скочниот зглоб го спречија да биде дел оа атрактивнито меч.
За ова издание што ќе се игра во Њујорк, во легендарната сала „Медисон Сквер Гарден“, изборот кои кошаркари ќе играат на „Челенџот“ ќе биде познат на 1 февруари. Право на глас имаат асистентите тренери, а тие бираат по 10 играчи од САД и од остатокот на Светот, што ќе играат меѓусебе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



