| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот на малата Тијана го смени исказот

тијана

Бев пијан, испив многу пиво. Затоа го направив делото. Вака убиецот на малата Тијана, Драган Ѓуриќ,  кој ја зави Србија во црно, го сменил исказот и се бранел во судницата.

Монструмот претходно тврдеше дека седел во кафеана и испил една ракија. Сега го смени исказот велејќи дека испил многу пиво, па затоа не знаел што прави. Како што пренесува српски Курир, сега треба одново да се почне истрагата, за да се провери вистинитоста на неговата изјава, но и степенот на страдање на малата Тијана.

Монструмот ја силуваше, удри со автомобил, задави и закопа 15-годишната Тијана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top